петок, 1 мај 2026

Кина го изгради првиот карантински центар за патници од странство за 5.000 лица (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се состои од низа трикатници во традиционален кинески стил. Масовниот комплекс се простира на површина поголема од 46 фудбалски игралишта и биле потребни три месеци за да се изгради од темел. Овој објект ќе ги замени хотелите кои се наоѓаат во Гуангжу и ќе служи за карантин на кинеските и странските патници кои доаѓаат од странство, а целта е да се намали изложеноста на жителите на увезени случаи.

[video:https://youtu.be/os4WzudbVXU autoplay:0]

Патниците ќе бидат префрлани со автобуси директно од аеродромот и затворени во своите соби најмалку две недели. Секоја соба е опремена со камера за видеоконференција и термометар со вештачка интелигенција. Трите оброци на ден ги испорачуваат роботи и сè е дизајнирано за да се минимализира директниот контакт со персоналот.

„Ова е веројатно најсовремениот карантински центар во светот, со многу висока технологија и е многу софистициран“, вели Јангжонг Хуанг, стручен соработник за глобално здравство во Советот за надворешни односи.

Меѓународната здравствена станица Гуангжу, како што официјално се вика, е првата од овој вид во Кина. Експертите сметаат дека би можел да биде првиот од многу такви центри бидејќи кинеската влада ја засилува својата бескомпромисна стратегија на нулта толеранција кон коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ