Агенцијата за царското семејство соопшти дека датумот е одреден за 26 октомври.
Двојката првично требаше да се венча во 2018 година, но тоа беше одложено, наводно, по информации дека семејството на Комуро западнало во финансиски проблеми.
Се очекува по венчавката тие да се преселат во САД – каде што Комуро работи како адвокат.
Локалните медиуми интензивно известуваа за нивното движење. Оваа прекумерна медиумска покриеност за принцезата – чиј татко е принцот престолонаследник Фумихито – и за семејството на Комуро со текот на годините, предизвика принцезата да страда од посттрауматско стресно нарушување, објави Агенцијата за царското семејство, пренесе весникот Кјодо.
Нејзината тетка, царицата Масако, исто така страдаше од болест поврзана со стрес, откако се соочи со силен притисок да создаде машки наследник. Во Јапонија често постои стигма околу менталните болести, вели Би-би-си.
Двојката се запознала во 2012 година кога биле студенти на Меѓународниот христијански универзитет во Токио.
Во 2017 година се свршија и требаше да се венчаат во 2018. Но подоцна се појавија информации за финансиски проблеми на мајката на Комуро – таа наводно зела заем од својот поранешен свршеник и не му го вратила.
Палатата негираше дека тоа доцнење е поврзано со свадбата, иако престолонаследникот Фумихито рече дека е важно пред свадбата да се решат прашањата за парите.
Принцезата Мако, наводно, ќе се откаже од традиционалната еднократна исплата до 150 милиони јени (1,3 милиони американски долари), која обично му се дава на член на кралското семејство по неговото заминување од семејството.
Исто така, се очекува да отсуствуваат вообичаените обичаи поврзани со свадбите на царското семејство. Ако таа се откаже од исплатата и обичаите, ќе стане првата жена член на царското семејство што го сторила тоа.
Според јапонскиот закон, женските членови на царското семејство го губат својот статус ако се омажат со „обичен човек“, иако тоа не важи за машките членови.






