сабота, 2 мај 2026

Јапонија и официјално го доби 100-от премиер

Објавено на

часот

Сподели

Кишида, 64-годишен конзервативец, е избран за нов претседател на владата на третата по големина светска економија откако долги години беше министер за надворешни работи под поранешниот десничарски конзервативен премиер Шинзо Абе.

Според јапонските медиуми, Кишида следната недела би требало да го распушти парламентот и да распише избори за 31 октомври.

Премиерот во заминување Јошихиде Суга имаше поддршка од околу 70 отсто набрзо по преземањето на должноста пред околу една година, но беше критикуван поради справувањето со пандемијата, поради што го ослободи местото за ново лице кое ќе ја предводи владејачката Либерално демократска партија низ изборите.

Кишида би требало да го распушти парламентот на 14 октомври, а изборите ќе ги најави на својата прва конференција за новинарите подоцна денес.

„Кишида не губи време“, напиша на Твитер Тобијас Харис, виш соработник на Центарот за американски напредок. „Ако победи на општите избори и успее доволно добро да ги поврзе нештата за да победи на изборите за горниот дом следната година, ќе има три години без избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ