„Словенија се придружи на списокот на земји во кои е регистриран овој високо заразен сој“, кажа Јанша во словенечкиот парламент, пренесува СТА.
Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, кажа на конференција за новинарите дека омикрон варијантата е најдена во четири примероци, од кои сите во Љубљана.
Примероците се земани од 29 ноември до 6 декември, а едно лице заразено со омикрон веќе прележало ковид минатата година.
„Откритието на омикрон би можело да најави нов бран“, кажа министерот за здравство Јанез Поклукар укажувајќи на фактот дека трендот на опаѓања на бројот ан нови инфекции успорува.
Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, а медицинскиот персонал да испрати јасна порака до луѓето дека вакцинацијата е безбедна и ефикасна.
Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 1.712 нови случаи на коронавирусот, секој трет бил позитивен, а починале 11 луѓе.






