Засега нема извештаи за жртви или штети од нападите насочени кон подрачјето за лансирање ракети и комплексот што му припаѓа на Хамас, исламистичката група која управува со Газа. Хамас се уште не одговорил.
Од прекинот на огнот на 21 мај и крајот на 11 дневните борби меѓу Израел и Хамас, Палестинците повремено пуштаат балони наполнети со запалив материјал преку границата, предизвикувајќи пожари во израелските полиња.
Палестинците велат дека сакаат со запаливите балони да извршат притисок врз Израел за ублажување на санкциите на крајбрежната енклава кои биле заострени за време на борбите во мај.
Испраќањето балони воглавно било намалено откако Израел ублажил некои ограничувања за Газа.
Но, во петокот повторно биле пуштени балони од Газа и предизвикале најмалку четири пожари во области близу границата.
Израелската војска рече дека воздушните напади се „одговор на непрестајното лансирање балони од Газа кон Израел во текот на денот“.
Пожари избија во петокот долж границата со Газа, додека Израел истовремено разменувал оган на својата северна граница со либанскиот Хезболах.






