четврток, 7 мај 2026

Израел го нападна најголемото сириско пристаниште, одекнуваа експлозии (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се сомнева дека проектилите паднале врз магацини со оружје. Во пристаништето Латакија е направена значителна материјална штета, а проектилите стигнале од правецот на Медитеранот, изјави за сириската државна агенција Сана неименуван воен извор.

Засега нема податоци за жртви, а на социјалните мрежи се објавени снимки од пожарите во пристаништето.

Сириските медиуми јавуваат дека е оштетен дел од болница, станбени згради и продавници.

Министерот за одбрана на Сирија го обвини Израел за агресија, а во последно време се интензивирани нападите врз, како што тврдат Израелците, „иранските мети“ во Сирија, врз групите како Хезболах кои ги поддржува Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ