понеделник, 20 април 2026

Израел бомбардираше локација на Хамас во Газа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хамас го потврди нападот врз една од нивните локации. Израелската војска објави дека погодила фабрика за оружје на Хамас. Засега нема извештај за жртви.

Борбите на Израел и Хамас траеја 11 дена во мај, а од прекинот на огнот на 21 мај Палестинците повремено пуштаат балони наполнети со запалливи материјали преку границата и предизвикуваат пожари во Израел.

Палестинците тврдат дека целта им е да го притиснат Израел да ги ублажи ограничувањтаа за крајбрежната енклава, кои беа заострени за време на војната во мај.

Пуштањето на балоните се намали откако Израел минатата недела ублажи некои ограничувања во Газа. Но во четвртокот од Газа повторно беа пуштени балони, кои предизвикаа најмалку четири пожари во близина на израелските градови долж границата.

„Како одговор на запалливите балони испукани кон израелската територија денес борбени авиони на ИДФ погодија фабрика за оружје која му припаѓа на Хамас“, соопштија Израелските одбранбени сили.

[video:https://youtu.be/_6JXkaU0nj0 autoplay:0]

Портпаролот на Хамас Фавзи Бархум го опиша израелскиот напад како „разметлива реакција“ и кажа дека Палестинците „вршат притисок (врз Израел), присилувајќи го да ги почитува правата на народот и да отстапи од неправедните позиции“.

Египет и Обединетите нации ги засилија посредничките напори поради израелските напади и запалливите балони од Газа, иако инцидентите не доведоа до поголема ескалација на судирот.

Најмалку 250 Палестинци и 13 лица во Израел беа убиени во борбите во мај, кога милитантите на Хамас ги ракетираа израелските градови, а Израел вршеше воздушни напади врз крајбрежната енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ