недела, 19 април 2026

Новинар на Фокс: Трамп ми кажа дека ќе го разнесе Иран ако не се согласат на договор (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп упатил остро предупредување до Иран, порачувајќи дека ова е „последна шанса“ Техеран да се согласи на договор за неговата нуклеарна програма и се заканил со ужасни последици доколку не се постигне договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп ова го кажал во интервју за Фокс њуз, а неговите изјави ги пренесе дописникот Треј Јингст, кој, како што тврди, разговарал со него околу 20 минути. Според Јингст, Трамп ги повторил заканите за напад на инфраструктурата на Иран, вклучувајќи мостови и електрани, кои претходно ги објави на социјалните мрежи.

Во денешниот разговор Трамп бил директен. „Ако не го потпишат тој договор, целата земја ќе експлодира“, изјавил американскиот претседател за Јингст на Фокс. Фокс њуз истакнува дека Трамп нагласил дека ова е последна шанса за Иран и ветил дека нема да ја повтори истата грешка како поранешниот претседател Обама.

Трамп зборувал и за воената подготвеност на Соединетите Американски Држави. „Се подготвуваме да ги удриме посилно отколку што било која земја досега била погодена, бидејќи не може да им се дозволи да имаат нуклеарно оружје“, изјавил тој. Додал дека САД имаат огромни количества муниција и го коментираше однесувањето на Иран со зборовите: „Како да не можат ништо да научат“.

И покрај острата реторика, дипломатските напори се чини дека продолжуваат. Трамп потврди дека специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе патуваат во Исламабад, главниот град на Пакистан, оваа недела на разговори.

Новинарот Треј Јингст, кој разговарал со Трамп, известува од Тел Авив, каде што ги следи случувањата.

Амбасадорот на САД во Обединетите нации Мајк Валц кажа дека САД би можеле „релативно лесно“ да ја уништат инфраструктурата на Иран.

„Сите опции се на маса. Можеме релативно лесно да ја отстраниме таа инфраструктура“, кажа Валц во емисијата „Оваа недела“ на Еј-би-си.

Тој додаде и дека нападите врз инфраструктурата, која има двојна, цивилна и воена намена, не претставуваат воено злосторство, туку се дел од, како што рече, „скалата на ескалација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ