недела, 19 април 2026

Пожарникари спречиле ширење на пожар од напуштена куќа во Велес

Синоќа околу полноќ во пожар на С’рмаале во Велес изгорела напуштена куќа, а пожарникарите спречиле пожарот да се прошири на соседните куќи.

Објавено на

часот

Сподели

Во СВР Велес било пријавено дека околу 23:30 часот настанал пожар во куќа на улица „Страшо Пинџур“ во Велес, во месноста С’рмаале во централното подрачје на Велес, која е сопственост на  55-годишниот М.Ј. од велешкото село Ораовец.

„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарнаединица Велес“, информираат попладнево од СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Инаку, подолго време во куќата не живеел никој, а била исклучена и електричната енергија.

Oд ТППЕ Велес информираат дека тие  на местото на пожарот излегле со две возила и 7 пожарникари. Пожарот бил затекнат во развиена фаза, но со нивна брза интервенција било спречено да се прошири на околните куќи кои се лепенки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ