понеделник, 20 април 2026

Судовите два пати му ја скратија казната затвор на врховниот судија Горгиев, осуден за мито

Апелацискиот суд Скопје го уважил барањето на судијата Наќе Георгиев за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд. Со оваа одлука скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито. Со ова Георгиев по 26 месеци во затвор, летово ќе биде на слобода.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септември годинава, а по поднесената жалба Апелацискиот суд му ја скратил казната затвор за уште два месеца.

Судијата Георгиев беше фатен како зема мито од 10.000 евра од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев. Георгиев тогаш се спогодил со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за казна затвор од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ