недела, 19 април 2026

Вардар ја доби драмата со Охрид за осумнаесетти Куп-трофеј

Ракометарите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија откако во драматично финале во салата „Парк“ во Струмица славеа над ГРК Охрид со 24-23.

Фото: РК Вардар

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-црните“ подобро го отворија натпреварот и во најголем дел од првото полувреме ја контролираа играта одржувајќи предност од неколку гола. Охрид во финишот се врати резултатски, но вардарци сепак на пауза заминаа со минимална позитива од 13-12.

Вториот дел донесе пресврт, откако охриѓани ја искористија кризата на ривалот и стигнаа до водство кое на моменти беше и три гола. Сепак, искуството на Вардар дојде до израз кога беше најпотребно, па тимот од Скопје се врати во игра и израмни во клучните моменти.

Во неизвесната завршница се играше гол за гол, а Вардар успеа да ја сочува минималната предност и да го одбрани налетот на Охрид, кој имаше шанса за израмнување во последните секунди, но не ја искористи. Конечниот резултат гласеше 24-23 за црвено-црните.

Најзаслужен за победата беше Јака Малус со осум гола, додека Хориха додаде шест. Кај Охрид, по пет реализации запишаа Дарко Ѓукиќ и Косуке Јасухира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ