среда, 22 април 2026

Во Скопје се пие квалитетна вода, тврдат од „Водовод и канализација“

Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за  безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје.

„Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ