Фаворитот имаше многу повеќе работа од очекуваното, бидејќи Спартак одигра храбро и во голем дел од натпреварот беше рамноправен противник. По израмнетото прво полувреме, „лавиците“ на пауза заминаа со предност од 14-18.
Во вториот дел Ѓорче Петров успеа да создаде и шест гола разлика, но следуваше пад во играта, што Спартак го искористи и се врати во игра. Во драматичниот финиш, тимот од Кисела Вода имаше напад со две ракометарки повеќе за израмнување, но не реализираше, па актуелниот шампион ја задржа предноста и стигна до нов трофеј.
Најефикасни кај победникот беа Емилијана Ризоска, Марија Гугуљанова и Армина Исиќ со по седум гола, додека кај Спартак се истакна Сузана Зечевиќ со 12 погодоци.






