Излезните анкети спроведени од агенцијата Алфа рисрч од Софија покажаа дека партијата Прогресивна Бугарија на Радев со 37,5 проценти од гласовите е далеку пред партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која е на второ место со 16,2 проценти од гласовите.
Радев, поранешен пилот на борбени авиони и евроскептик кој се противи на воената помош за Украина, се повлече од претседателската функција во јануари за да се кандидира на парламентарните избори кои се одржуваат по масовните протести со кои беше соборена владата на Борисов во декември.
Оттогаш, Радев ја предводи новоформираната централно-левичарска група Прогресивна Бугарија. Тој остро ја критикува политиката на ЕУ за зелена енергија, која ја смета за наивна „во светот без правила“ и се спротивставува на испраќањето оружје во Украина, иако порача дека нема да го искористи ветото за да ги блокира одлуките на Брисел.
Застапувајќи се за обновување на врските со Русија, Радев се спротивстави на десетгодишниот договор за одбрана меѓу Софија и Киев потпишан минатиот месец, што му донесе нови обвинувања од неговите противници дека е премногу мек кон Москва.
Ова се осми избори за пет години во балканската земја со околу 6,5 милиони жители, која е презаситена од повторени вонредни избори и тесна група корумпирани политичари.






