Законот „Зан“, наречен така според пратеникот Александар Зан од Демократската партија, има цел да ги казни дискриминацијата и поттикнувањето насилство врз хомосексуалците, лезбијките, трансродовите лица и лицата со инвалидитет.
Меѓутоа, за време на тајното гласање во Сенатот, 154 гласа беа против законот, а 131 за.
Долниот дом на италијанскиот парламент гласаше за овој предлог-закон минатиот ноември.
Противниците сметаат дека овој закон би можел да ја загрози слободата на изразувањето и да го отвори патот кон хомосексуална пропаганда.
Ватикан во јуни презеде чекор без преседан кога поднесе официјална дипломатска жалба на законот, наводејќи дека тој ја прекршил билатералната спогодба меѓу Италија и Светата столица.
Ватикан особено е загрижен дека католиците, според тој закон за хомофобијата, ризикуваат кривично да бидат гонети поради изразувањето на ставовите за традиционалните хетеросексуални семејни вредности.
Премиерот на Италија Марио Драги тогаш одговори дека парламентот е слободен да носи закони за тоа прашање зашто Италија е секуларна, а не конфесионална држава.
Во Италија, традиционално католичка земја, која исто така е домаќин на Ватикан на својата територија, законот за ЛГБТ-заедницата е особено чувствително прашање.
Меѓутоа, според анкетите, повеќе од 60 отсто Италијанци би го поддржале таквиот закон.






