„Од 28 јуни ја укинуваме обврската за носење маска на отворен простор“, напиша на Фејсбук министерот Сперанца, прецизирајќи дека оваа одлука ќе се однесува на регионите означени како „бела зона“, каде вирусот најспоро се шири.
Во моментов цела Италија е во белата зона, освен малата долина Аоста на северот.
Објавата на министерот за здравство следи по позитивното мислење на техничко-научниот одбор кој ја советува италијанската влада во пандемијата.
Одборот оцени дека маските повеќе не се потребни во „белата зона“, но дека сè уште би требало да бидат при рака во случај на ризикот поврзан со собирања.
Во понеделник, на 28 јуни, сите италијански региони би требало да бидат означени како бела зона, според предвидувањата на експертите.






