вторник, 2 јуни 2026

Италија ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер (ВИДЕО)

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер ја погоди Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на отворено море покрај брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот, кој ја погоди Италија, беше почувствуван во Неапол и неколку општини во областа на Везув, особено во областите што граничат со Калабрија, но и во Апулија и Сицилија.

На некои места, жителите излегоа на улиците и почнаа да се јавуваат и во регионалните служби за цивилна заштита и во противпожарната служба, првенствено за информации, објави Анса.

Регионалната оперативна станица на Цивилната заштита почна да контактира со сите градоначалници во областите најблиску до епицентарот, но не е пријавена никаква штета.

Според тврдењата на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ