сабота, 2 мај 2026

Истражување: Вакцинираните лица треба да носат маски

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите ја анализирале количината на вирусот, таканареченото вирусно оптоварување, кај 869 пациенти за време на поставување на дијагнозата, вклучувајќи 632 пациенти кои биле асимптоматски, пренесува Ројтерс. Повеќето инфекции се предизвикани од високо заразната делта варијанта на коронавирусот.

Тие не пронашле статистички значајни разлики во просечното вирусно оптоварување помеѓу вакцинираните и невакцинираните лица, или помеѓу оние со или без симптоми, или помеѓу различни возрасни групи, пол или типови на вакцини, според извештајот објавен на веб-страницата Медархива.

„Нашата студија не дава информации за заразноста“, рече Ричард Мишелмор од Калифорнискиот универзитет во Дејвис, истакнувајќи дека на преносот на вирусот влијаат неколку фактори, а не само статусот на вакцинација и вирусното оптоварување. Студијата сè уште не поминала рецензија.

„Не е во ред да се претпостави дека, бидејќи сте вакцинирани, не можете да се заразите и не можете да заразите некој друг, дури и ако сте асимптоматска личност“, рече тој.

Вакцините против коронавирус ги намалуваат шансите за инфекција и ја намалуваат сериозноста на болеста. Сепак, вакцинираните луѓе сè уште треба да носат маски во јавност, бидејќи би можеле да заразат други ако самите се заразиле, советуваат научниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ