сабота, 18 април 2026

Исланд е првата земја во Европа што ги укина сите ограничувања поради ковидот

Објавено на

часот

Сподели

Од денеска, 26 јуни, мерките за одржување растојание, носење маски, ограничен број учесници на собири, како и ограничувања на работата на кафулињата и рестораните веќе нема да бидат во сила, објави премиерката Катрин Јакобсдотир на прес-конференција.

Одлуката, прва во Европа, беше донесена во согласност со распоредот на укинување на ограничувањата на територијата на Исланд, во четири фази.

Планот, објавен кон крајот на април, предвидува укинување на сите национални мерки во втората половина на јуни, кога „околу 75 проценти“ од жителите постари од 16 години ќе имаат примено барем една доза од вакцината.

Во Исланд, до 24 јуни, 87,6 проценти од луѓето постари од 16 години или околу 295.000 од вкупното население од 365.000, примиле барем една доза на вакцина.

Но ограничувањата сè уште остануваат во сила на границите со задолжителен негативен ПЦР-тест или два ПЦР-теста по петдневна изолација за невакцинираните патници.

Патниците со потврда за вакцинираност или со прележан ковид, кои досега требаше да бидат тестирани при пристигнувањето, веќе нема да треба да го прават тоа по 1 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ