петок, 24 април 2026

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Кабул – со фотографија од бомбашот

Објавено на

часот

Сподели

ИСИС ја презеде одговорноста за денешните бомбашки напади на аеродромот во Кабул во извештајот на Амак, наведувајќи дека нејзините борци убиле и раниле приближно 160 луѓе. Извештајот за нападот е објавен со фотографија на бомбашот-самоубиец.

АП пренесе дека авганистанските и американските официјални лица потврдиле дека најмалку 60 Авганистанци и 12 американски војници загинале во двојните експлозии пред меѓународниот аеродром во Кабул.

Двајца бомбаши-самоубијци и еден вооружен напаѓач нападнаа толпа Авганистанци што беа собрани на аеродромот во Кабул во четвртокот, претворајќи ја сцената на очај во сцена на хорор. Во експлозиите – еден самоубиствен бомбашки напад на портата Аби и едно возило-бомба во близина на хотелот Барон – загинаа и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ