понеделник, 20 април 2026

Иранскиот претседател: Дипломатија со САД, но со апсолутна недоверба

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник изјави дека треба да се искористат сите разумни дипломатски канали за намалување на тензиите со САД, но во исто време нагласи дека претпазливоста и недовербата во односите со Вашингтон се „апсолутно неопходни“. Неговата изјава, пренесена од државната новинска агенција ИРНА, доаѓа пред истекот на двонеделното примирје меѓу Иран и САД во среда, јави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски претставници треба да пристигнат во Исламабад во понеделник на преговори за Иран, додека Техеран сè уште не објавил дали ќе испрати делегација во Пакистан.

Иранската државна телевизија, повикувајќи се на неименуван информиран извор, објави дека нема планови за втора рунда преговори. Како причина се наведуваат „прекумерните и неразумни“ барања на САД, како и нивните променливи ставови.

Конфликтот меѓу двете страни е центриран околу Ормускиот теснец, каде што Иран ја зајакна контролата врз морскиот сообраќај. Во исто време, САД продолжуваат со блокадата на иранските пристаништа, а во неделата ја презедоа контролата врз брод кој се обиде да ја пробие американската блокада.

И Иран и САД се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот. Пезешкијан, како што објави државната телевизија, рече дека американската блокада покажува дека Вашингтон се движи кон „повторување на старите обрасци на однесување и изневерување на дипломатијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ