понеделник, 4 мај 2026

Ирански регионален гувернер доби шлаканица за време на инаугурацијата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случи додека Зејнолабедин Корам, новиот гувернер на провинцијата Источен Азербејџан, држеше говор во џамијата Имам Хомеини во североисточниот град Табриз.

Видеото објавено на интернет од иранската полу-официјална новинска агенција Фарс покажува како човек мирно му приоѓа на Корам, му удира шлаканица, а потоа го оттурнува.

На снимката се гледа како обезбедувањето трча кон сторителот, кој е идентификуван како Ајуба Ализадех, припадник на иранските вооружени сили, и го одвлекува од бината.

На настанот присуствувале министерот за внатрешни работи на Иран, претставници на кабинетот на ајатолахот Хамнеи и други високи државни функционери.

Во интервју за државната телевизија ИРИБ, новиот гувернер рече дека лично не го познава сторителот.

Мотивот за нападот сè уште не е утврден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ