среда, 22 април 2026

Иранците планираат да забранат шетање кучиња, сѐ повеќе луѓе пријавуваат напади

Објавено на

часот

Сподели

„Добивме повеќе поплаки за ова прашање и планираме да преземеме соодветни активности“, рече портпаролот на полицијата.

Ваквата најава доаѓа откако кучињата постојано предизвикувале паника кај луѓето, особено во парковите. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како кучиња напаѓаат луѓе, вклучително и деца, предизвикувајќи нервоза кај населението.

Во Иран, на поседувањето домашни миленици не се гледа благонаклонето, а тоа особено е осудувано од свештениците, иако не постои закон со кој се забранува да се поседува или шета домашно милениче. Поради неразвиената култура на сопственост на домашни миленици, многу Иранци претпазливо гледаат на животните, особено на кучињата.

Пред две години полицијата се обиде да ги забрани прошетките со кучиња и да ги казни сопствениците, но обидот не успеа. Чувањето миленичиња всушност стана попопуларно и пошироко распространето во земјата, а особено се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот.

И покрај широко распространетата полемика во јавноста, младите Иранци сѐ повеќе земаат домашни миленици, тренд што во последните неколку години предизвика отворање продавници за производи за миленичиња и ветеринарни амбуланти и клиники.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ