Тој на состанок со амбасадорите во Техеран зборуваше за спорот меѓу Иран и ИАЕА.
„Во вторникот вечерта постигнавме добар договор со ИАЕА. Овој договор би можел да ја ублажи загриженоста околу тврдењата изнесени во врска со мирољубивата нуклеарна програма на Иран и да обезбеди поголема соработка со таа агенција од претходно“, кажа Абдолохијан.
Додаде дека другата страна прифатила на масата во преговорите во Виена да се најдат нацртите кои ги изнел Иран.
„Се надеваме дека другата страна ќе преговара со искрена намера со цел решавање на проблемот. Ние сме оптимисти. Ако другата страна реагира реално, можеме да направиме напредок во оваа рунда преговори“, додаде тој.
Иран и ИАЕА постигнаа делумен договор за нуклеарните прашања во спорот меѓу страните, но спорните прашања остануваат нерешени.
Од Агенцијата на ОН за атомска енергија соопштија дека договорот со Иран за замена на надзорните камери во постројката Караџ е важен развој за ИАЕА за надгледување на активностите во Иран, додавајќи дека нови камери ќе бидат поставени во следните денови, пренесува Ројтерс.






