„Од непоколебливата заложба за зачувување на договорот што Соединетите Држави се обидоа да го отфрлат, Иран беше најактивната страна за време на разговорите во Виена и даде најмногу предлози“, напиша Хатибзадех на Твитер, алудирајќи на преговори насочени кон спасување на Договорот.
Иран и САД индиректно преговараат за одржување на договорот меѓу Техеран и шесте светски сили од 2015 година, со кој Иран ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.
САД се повлекоа од Договорот во 2018 година, за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Новиот американски претседател Џозеф Бајден сака да го оживее Договорот.
„Ние сè уште веруваме дека е можен договор, доколку САД одлучат да се откажат од пропаднатото наследство на Трамп. Иран нема вечно да преговара“, нагласи Хатибзадех.






