вторник, 5 мај 2026

Инвазија на скорпии во египетски град, тројца мртви, 450 повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Скорпиите повредија околу 450 луѓе, изјави претставник на египетското Министерство за здравство.

Невремето проследено со град и грмежи во петокот во областа кај реката Нил беше особено силно.

Обилните дождови редовно ги исфрлаат на улиците скорпиите покрај Нил, а понекогаш со нив има и змии.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=P7Jb9ob5U70 autoplay:0]

Дополнителни дози противотров се испратени во клиниките во селата во близина на планините и пустините, а распоредени се и дополнителни лекари.

Властите ги повикаа жителите да останат дома и да ги избегнуваат областите со многу дрвја.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=cVsc–Mn_3w autoplay:0]

Во Египет живеат дебелоопашестите скорпии, кои се меѓу најсмртоносните во светот. Отровот од црната дебелоопашеста скорпија може да убие човек за помалку од еден час.

Симптомите поврзани со широко распространетите ефекти на отровот може да вклучуваат отежнато дишење, грчење на мускулите и невообичаени движења на главата.

Антиотровот се користи како превентивна мерка пред да се појават симптомите, но може да делува и кога симптомите ќе почнат да се влошуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ