четврток, 23 април 2026

Илјадници Индијци наместо вакцини примиле физиолошки раствор

Објавено на

часот

Сподели

На најмалку 12 локации во Мумбаи медицинските работници вбризгале физиолошки раствор, изјави Вишал Такур, висок полициски службеник.

„Се проценува дека 2.500 луѓе примиле лажна вакцина. Организаторите заработиле вкупно 28.000 долари од лажните вакцини“, рече Такур.

Досега се уапсени 14 лица, меѓу кои и лекари, а се очекуваат уште апсења.

Индија беше покосена од вториот бран на коронавирусот помеѓу април и почетокот на јуни, кој зарази милиони и уби десетици илјади луѓе низ дел од земјата.

Откако го достигна врвот во мај, бројот на дневните случаи почна да се намалува и да опаѓа притисокот врз здравствениот систем, а властите успешно ја засилија својата програма за вакцинација.

Споменатиот случај на „вакцинација“ со физиолошки раствор се случил помеѓу крајот на мај и почетокот на јуни. Властите покренаа истрага откако поединци станале сомничави во врска со сертификатите за вакцинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ