четврток, 7 мај 2026

Хрватска воведува казни од 4.000 до 6.700 евра за непочитување на ковид потврдите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Седницата ја следеше помал протест на неколку стотици противници на измените на законот за заштита на населението од заразни болести, но и остар вербален судир на раб на физичка пресметка меѓу пратениците на опозициските партии од левиот и десниот политички блок.

Додека од една страна, партиите од левиот центар, Социјалдемократската партија и Можеме, и нивните политички партнери, ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат, но го критикуваат тоа што власта на чело со Хрватската демократска заедница важните одлуки ги носи со обично, наместо со двотретинско мнозинство во Саборот, десните партии, Мост и Татковинско движење, ги поддржуваат противниците на ковид потврдите и вакцинирањето.

Претседателот на СДП Пеѓа Грбин ги обвини Мост дека „паразитираат“ на пандемијата, повикувајќи ги да ги повикаат граѓаните на вакцинирање, а дека за возврат СДП ќе ги повика своите гласачи да ја поддржат иницијативата на Мост за референдум против ковид потврдите. На тоа остро реагираа пратениците на Мост, а некои станаа од своите места и му пријдоа на Грбин, но не се слушаше што му кажаа. Ситуацијата ја смири претседателот на Саборот, кој подели низа опомени за опозициските пратеници.

Од Мост подоцна кажаа дека не сакале физичка пресметка и дека досега собрале околу 300.000 потписи за референдум против ковид потврдите и за регулирање на работата на Националниот штаб на цивилната заштита. За иницијативата да биде успешна, потребно е до 18 декември да соберат 370.000 потписи од граѓани.

[video:https://youtu.be/DLfXVNJsshc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ