петок, 1 мај 2026

Хрватите смислија нов збор за ќебапите

Објавено на

часот

Сподели

Така, ресторан на Кајзерица во Загреб го претстави гастрономскиот новитет – „мљевенике“.

Доколку ова ви личи на јадење што веќе постои – станува збор за ќебапи.

Сопственикот на ресторанот во Загреб истакнува дека новото име го смислиле за да не ги навредат соседите.

„Имајќи предвид дека Босна и Херцеговина се смета за земја на ќебапите, одлучивме да почнеме нешто што би било наше, хрватско. Да не ги навредиме луѓето од соседната држава и да ги наречеме ќебапи, решивме да направиме мљевеници“, истакнува за хрватски 24сата Домагој Делач, сопственикот на ресторанот.

Како што тврди, долго ги испробувале состојките за „мљевеници“ за да дојдат до совршениот рецепт.

„Кај нас мљевениците ќе се состојат од свинско и јунешко, во размер во кој ќе преовладува јунешкото, но свинскиот бут ќе даде доволно маснотија за мљевеникот да биде прилично сочен“, истакна сопственикот на ресторанот и додаде дека специјалитетот се служи во пица тесто со француска салата и многу кромид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ