четврток, 7 мај 2026

Холандски политичар ги спореди ковид-мерките со холокаустот, суд нареди да ги избрише постовите

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на партијата Форум за демократија (ФВД) порача на Твитер дека невакцинираните луѓе се „новите Евреи“, а дека оние кои го вртат погледот се „новите нацисти“.

Судот му нареди да ги избрише постовите во рок од 48 часа или би можел да добие казна од 25 илјади евра.

Судот донел таква пресуда поради, како што се наведува, „бесмисленото навредување на жртвите на холокаустот и нивните роднини“.

Забрането му е и објавување на какви било фотографии од холокаустот за време на расправиите за холандските ковид-мерки.

Во низата постови на социјалните мрежи во ноември, Боде ги спореди невакцинираните и жртвите на нацистичкиот прогон поради правилата кои холандската влада ги донесе во борбата против коронавирусот.

Боде објави и фотографија од нацистички концентрационен логор, со текстот: „Како може да не се види дека историјата се повторува?“

Четири лица кои ја преживеале Втората светска војна и еврејски организации почнаа постапка против него, обвинувајќи го дека го намалува значењето на холокаустот.

Адвокатот на Боде инсистира дека намерата не била постовите да бидат навредливи, туку како предупредување до што може да доведе исклучувањето на невакцинираните.

Боде кажа дека пресудата е неверојатна и најави дека ќе се жали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ