петок, 24 април 2026

Хаос на протест во Холандија против бегалците од Авганистан (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Локалните медиуми јавуваат дека околу 250 демонстранти се собрале пред приемен центар на касарна во Харскамп, село источно од Утрехт.

Протестот почнал мирно, но тензиите пораснале откако демонстрантите ги одбиле повиците на полицијата да заминат.

[video:https://youtu.be/pqmXmhOHDFA autoplay:0]

Дел од демонстрантите пееле националистички песни и палеле гуми пред касарната.

Полицијата ги разбркала демонстрантите, но никој не е уапсен.

[video:https://youtu.be/zh25dd0tLGQ autoplay:0]

Околу 800 бегалци од Авганистан треба да бидат сместени во воената база во Харскамп, наведува Би-би-си. Првите Авганистанци пристигнале синоќа.

Воената база е една од четирите во Холандија во кои ќе бидат сместени бегалци од Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ