понеделник, 4 мај 2026

Гутереш бара од Г20 да помогнат во борбата против климатските промени

Објавено на

часот

Сподели

Постои „сериозен ризик“ собирот во Глазгов да не ги даде посакуваните резултати, рече Гутереш на прес-конференција пред состанокот на шефовите на влади и земјите од Г-20 на индустриски најразвиените земји овој викенд во Рим.

„Тоа не е предвидување, туку предупредување. Имаме уште време да ги вратиме работите на вистинскиот пат и оваа средба на Г20 е можност да го направиме тоа“, рече Гутереш.

Тој рече дека има уште многу да се работи на сите климатски цели и дека тоа треба да се забрза.

„Не е предоцна, но треба да дејствуваме сега“, рече Гутереш.

Тој во неколку наврати издаде аларм и предупредуваше за претстојната климатска катастрофа и укажа на „посебната одговорност“ на земјите од Г20, кои претставуваат најголем дел од емисиите на стакленички гасови во светот.

„Ако сакаме вистински успех, а не само фатаморгана, потребна ни е поголема амбиција и повеќе акција“, повтори тој денеска.

„Ова ќе биде можно само со масовна мобилизација на политичката волја и за тоа е потребна доверба меѓу клучните актери.“

Тој оцени дека враќањето на довербата е најважната цел на оваа средба на Г20.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ