„Ова не е прв пат дрон да ја пробие воздушната одбрана на Москва и да погоди станбена зграда, но тоа е прилично ретка појава, особено затоа што е само неколку дена пред годишната парада за Денот на победата на Црвениот плоштад“, изјави дописникот на Би-Би-Си од Москва Стив Розенберг.
„Овој инцидент придонесува за општото чувство на нервоза во руската престолнина. Дрон погоди станбен блок, луксузна зграда во Москва. Немаше жртви, но беше предизвикана значителна штета на еден од горните катови“, кажа Розенберг. На снимките од местото на нападот се гледа штета на горните катови на облакодерот, а остатоци може да се видат на улицата под зградата.
Ukrainian drone strikes Moscow high-rise days before Red Square parade. @BBCNews Producer @BBCBenTavener pic.twitter.com/5Nl2Bdn9Oa
— Steve Rosenberg (@BBCSteveR) May 4, 2026
„Минатата недела Кремљ објави дека годишната воена парада по повод поразот на нацистичка Германија, парадата на Денот на победата, се намалува поради терористичката закана од Украина“, објасни Розенберг.
„Ова значи дека на 9 мај, за прв пат по речиси 20 години, нема да има воена опрема на Црвениот плоштад, па затоа нема да има тенкови или ракети, а тоа е доста голема работа бидејќи Кремљ традиционално го користи тој настан за да ја проектира својата воена моќ на меѓународната сцена“, додаде дописникот. Нападот се случил на околу 7 километри западно од Црвениот плоштад и само околу 3 километри од зградата на руското Министерство за одбрана.
Moscow… There is no panic! 🦅👀 pic.twitter.com/ea3YtFDVSq
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) May 3, 2026
„Додека разговараме за овој напад со беспилотни летала врз Москва, важно е да се има предвид дека Русија извршува речиси секојдневни напади врз Украина повеќе од четири години, откако почна инвазија на таа земја во февруари 2022 година“, заклучи Розенберг.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го потврди нападот на социјалните мрежи и изјави дека нема повредени. Собјанин подоцна објави дека руската воздушна одбрана соборила уште два дрона кои летале кон Москва, додека Киев сè уште не го коментирал овој напад.






