Републиканката Ненси Мејс од Јужна Каролина, која го претстави предлогот, го опиша предлог-законот како компромис со мерките што претходно ги предложија други пратеници, вклучително и демократите, објави „Форбс“.
Според предлогот, државата би ја третирала марихуаната на сличен начин како алкохолот и канабисот би бил отстранет од Законот за контролирани супстанции.
Со законот би се вовел федерален данок од три проценти за производите од канабис, а средствата би се користеле за финансирање на полицијата, малите бизниси и би се вложувало за помош на менталното здравје на ветераните, се вели во соопштението.






