сабота, 2 мај 2026

Група истражители тврдат дека откриле кој е серискиот убиец Зодијак. Полицијата демантира

Објавено на

часот

Сподели

Според нивните тврдења, озлогласениот убиец по кој се трага повеќе од 50 години се вика Гери Френсис Пост и дека починал во 2018 година.

Иако од неговото последно забележано убиство минале повеќе од 50 години, Зодијак останува запаметен како еден од ретките сериски убијци кои никогаш не биле фатени и изведени пред суд. Убиецот, кој своевремено тврдел дека убил дури 37 луѓе, карактеристично испраќал шифрирани писма до разни новински редакции, од кои некои до ден денес не се дешифрирани.

Официјално, пак, му се припишуваат пет убиства, а неговите злосторства послужија и како инспирација за истоимениот филм снимен во 2007 година.

Групата Кејс брејкерс често презема нерешени и веќе заборавени случаи и со дополнителна истрага и современи форензички техники се обидува да дојде до нови сознанија. Во случајот на Зодијак, групата тврди дека Пост во тоа време бил осомничен за убиство на тинејџерка само стотина милји од областа на дејствување на Зодијак, а случајот никогаш не му бил припишан на серискиот убиец.

Кејс брејкерс своето тврдење го поткрепуваат и со фактот што Пост личел на скицата на Зодијак која во шеесеттите години ја изработила калифорниската полиција. На неа се гледаат и лузните на челото кои, како што тврди групата, ги имал и самиот Пост.

Покрај тоа анализирале стотици негови приватни фотографии и дошле до изјави на двајца познаници на Пост кои тврдат дека токму тој е Зодијак.

ФБИ и полициската управа во Сан Франциско ги отфрлија овие тврдења и во кратко соопштение кажаа дека случајот останува отворен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ