сабота, 2 мај 2026

Група членки на ЕУ: Комисијата да ги финансира физичките пречки на границите

Објавено на

часот

Сподели

Текстот насловен „Прилагодување на правната рамка на ЕУ на новата реалност“ е упатен до потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас, комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и словенечкото претседателство на ЕУ.

Писмото е потпишано од Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Грција, Унгарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Словачка, а упатено е пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ денес во Луксембург.

Во Луксембург се очекува да се разговара за јакнењето на надворешните граници на ЕУ и прифаќањето емигранти.

„Неодамнешните настани на надворешните граници на ЕУ покажуваат дека Унијата мора да ја прилагоди важечката правна рамка на новата реалност за да ни овозможи соодветно да се справиме со обидите за инструментализација на нелегалните миграции во политички цели и други хибридни закани“, се наведува во заедничкото писмо на 12 министри за внатрешни работи на членките на ЕУ.

Голем број нелегални емигранти почнаа да ја преминуваат границата на Белорусија и влегуваат во Литванија, Летонија и Полска, што тие сметаат дека е хибридна војна на режимот на (белорускиот претседател Александар) Лукашенко.

„За да се обезбедат интегритетот и нормалното функционирање на Шенген зоната, нашите надворешни граници мора да бидат максимално обезбедени“, се наведува во писмото.

Иако некои членки усвоија решителни мерки на национално ниво, потписниците укажуваат дека за борба против инструментализацијата на нелегалната миграција и другите хибридни закани е потребно заедничко решение на ниво на ЕУ.

„Се чини дека физичките пречки се ефикасна мерка за заштита на границите која е во интерес на целата ЕУ, не само на членките во кои први се влегува“, наведуваат министрите додавајќи дека „таа легитимна мерка треба да биде дополнително и соодветно финансирана од буџетот на ЕУ како приоритетно прашање“.

Важечките прописи не предвидуваат физички пречки како мерка за заштита на надворешните граници на ЕУ, само поддршка од Унијата за системите на надзор на границите на членките.

„Ниедна трета земја не би требало да биде во можност да го користи нашиот систем за азил како средство на политички притисок и да ги уценува ЕУ и нејзините членки или да ја користи моменталната ситуација во Авганистан“, наведуваат 12 министри.

Тие побараа од Европската комисија до крајот на годината да претстави соодветни законски предлози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ