среда, 22 април 2026

Грета Тунберг за поплавите во Западна Европа: Ова не е новото нормално

Објавено на

часот

Сподели

Таа предупредува дека не се работи за „ново нормално“ и дека ситуацијата треба да се сфати сериозно.

„Смртоносни топлотни бранови, поплави, бури, шумски пожари, суши, неуспех на посевите… Ова не е ‘новото нормално’“, напиша Тунберг на Фејсбук.

Таа предупредува дека екстремното време ќе стане сè почеста појава.

„По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за климатски вонредни ситуации, и тоа со право. Но, штом овие трагедии ќе завршат, најверојатно ќе ги заборавиме и ќе продолжиме како порано. Ако кризата постојано не ја третираме како криза и така со неа се справуваме, нема да можеме да ја запреме“, рече Тунберг.

Таа вели дека се заборава како луѓето на водечките позиции се одговорни за оваа ситуација.

„Се чини дека сите забораваат дека тие се одговорни затоа што нè водат кон потопла и дестабилизирана планета. Моите мисли се со сите погодени од овие настани“, пишува Тунберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ