Во одлуката објавена синоќа се вели дека „е одлучено да се прекине сегашната нафтена стратегија и да се запре понатамошното истражување нафта на Гренланд“.
„Ова е логичен чекор, бидејќи владата сериозно ја сфаќа климатската криза. Одлуката е донесена и во интерес на нашата природа, во интерес на нашиот риболов и со цел нашата економија да се концентрира на реални потенцијали“, рече владината членка Наја Натаниелсен.
Истражувањето нафта во Гренланд веќе беше во застој во последните години, па затоа оваа одлука во голема мера е симболична.
Според локалната самоуправа, „новата економска анализа за профитабилноста при истражувањето на нафтата (во Гренланд) јасно покажува дека профитабилноста е мала“, односно двојно помалку од она што го очекуваат нафтените компании.
На изборите во април на власт дојде левичарската еколошка партија. Во согласност со предизборните ветувања, владата во моментов одржува консултации со цел да донесе закон за забрана за истражување и експлоатација на ураниум во Гренланд.






