„Нема повеќе затворања. Поминавме низ тоа, беше разорно, не можеме повторно да минуваме низ истото“, кажа тој на онлајн брифингот за новинари.
„Нема затворање. Тоа би ги уништило животите на њујорчани“, додаде тој.
За што повеќе граѓани на Њујорк да бидат заштитени против новата варијанта на коронавирусот, Де Бласио им нуди на оние што ќе примат бустер доза до крајот на годината по 100 долари како награда.
„Тоа е временски ограничена прилика во следните денови: примете бустер доза од вакцина, ќе добиете поттик од 100 долари“, кажа тој.
„Ќе направите да се чувствувате многу посигурно, многу подобро што сте примиле бустер доза, а истовремено ќе имате повеќе пари во џеб. Тоа ќе биде добро чувство особено во ова време од годината“, додаде тој.
Де Бласио вчера кажа дека Њујорк повеќе не може да се соочи со затворање на школите и фирмите како при првиот бран на ковид-19.
Сè уште, меѓутоа, не е одлучено дали градската прослава на Нова година на Тајмс сквер ќе продолжи по планот.
Овој настан минатата година беше мал и со социјална дистанца, но Де Бласио се надева дека годинава ќе биде одржан „во полн сјај“.






