сабота, 18 април 2026

Голем пожар во пристаништето во Хонг Конг, потонаа 10 брода (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Властите во Хонг Конг денес објавија дека најмалку 16 брода се зафатени од пожар, од кои најмалку 10 потонале, истакнувајќи дека никој не е сериозно повреден, објави Ројтерс.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ubJfF-eECMU autoplay:0]

Пожарот избувнал рано утрото околу 2.30 часот по локално време, а на пожарникарите им требале повеќе од шест часа за да го изгаснат.

Одекнувале експлозии на резервоарите за гориво, над пристаништето се надвивал густ чад, покривајќи ги околните згради, според видеото што го прими Ројтерс од властите на Хонг Конг.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=M8WKnokMdww autoplay:0]

Од бродовите се спасени околу 35 лица, објави државниот медиум РТХК повикувајќи се на извори од противпожарната служба.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=usYOiL0OBh0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ