недела, 3 мај 2026

Германија предлага реформа на интервентните единици на Европската Унија

Објавено на

часот

Сподели

Концептот предвидува понатамошен развој на постоечките Борбени групи на ЕУ во единици кои би можеле „брзо и интензивно“ да интервенираат во сите делови на светот.

„Последните настани во Авганистан повторно покажаа дека ЕУ мора да биде во состојба да интервенира обемно и брзо“, се наведува во документот кој освен Германија го потпишале и Холандија, Португалија, Финска и Словенија, а во кој увид имала германската агенција ДПА.

Овие пет земји предлагаат да се овозможи формирање „коалиција на волни“ и надвор од рамките на Членот 44 од Договорот на Европската Унија, кој ја регулира надлежноста во случај на интервенции, што би овозможило поголема флексибилност и „модуларни акции“ како поддршка на кризниот менаџмент на Брисел.

Новата воена формација би броела и до 5.000 војници. Досегашниот концепт на Борбената група на Европската Унија предвидува две единици со по 1.500 војници, а составот на единиците се менува секои шест месеци. Оваа борбена формација досега никогаш не дејствувала на терен.

За документот наречен „Повеќе спремност, повеќе флексибилност, повеќе соработка – заедничко кон ново ниво на кризниот менаџмент на Европската Унија“ треба да се расправа до следната пролет.

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер кажа дека главната идеја на предлогот е реформа на интервентните единици за побрза реакција на терен.

„Оваа реформа би овозможила префрлање на одговорноста на регионалните структури, што би ги забрзало процесите“, кажа Крамп Каренбауер. Како што објасни, Советот на ЕУ во тој случај би овластил одредена група членки на Унијата да го преземе водството во случај на потреба од интервенција.

Германската министерка за одбрана смета дека во многу примери, а особено во случајот на повлекувањето од Кабул, се покажало дека „без САД, земјите од Европската Унија не е ефикасни колку што би сакале“ и дека затоа е потребно да се почнат реформи со кои би се „подобриле процесите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ