среда, 22 април 2026

Германија одобри итна помош за обнова по поплавите

Објавено на

часот

Сподели

Сојузната влада ќе ја засили помошта за државите до 200 милиони евра, така што вкупниот пакет би изнесувал 400 милиони евра.

„Тоа е сума што би требало да биде доволна, но доколку е потребно, можеме да го зголемиме фондот за итни случаи до 400 милиони“, рече министерот за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин.

Овие пари ќе бидат искористени за санирање на најтешките оштетувања на станбените објекти и инфраструктурата и за помош на итните служби кои го расчистуваат теренот.

Како прва помош за набавка на најпотребното, секое погодено домаќинство треба да добие 3.500 евра.

По катастрофата, која однесе 170 животи во Германија, канцеларката Ангела Меркел и министерот Шолц ветија брза финансиска помош.

„Планиран е и фонд од милијарда евра за поширока обнова, но за тоа ќе треба уште години“, рече Шолц. „Ќе го направиме она што треба. Секој може да смета на тоа“, истакна тој.

Долгорочната помош за обнова на погодените области, за која се очекува да чини милијарди, ќе се одлучува на вонредна конференција на премиерите на сојузните држави со канцеларката Меркел кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот.

Шолц им вети на жртвите дека владата нема да ги оптоварува со формалности и бирократија. „Сакаме ова да го спроведеме без нови просторни регулативи. Ако треба да се обнови мост, куќа или училиште, не треба да поднесувате нови апликации и да чекате одобрување“, рече Шолц, кандидат за канцелар на социјалдемократите на претстојните парламентарни избори.

Покрај Западна Германија, поплавите минатата недела уништија и големи делови од соседните Белгија и Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ