На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудата на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.
„Русија не треба да се сомнева дека понатамошна воена агресија против Украина ќе има тешки последици и висока цена“, се вели во нацрт-изјавата, потврдија извори од Г7.
Украина е во центарот на кризата во односите на Исток и Запад и ја обвинува Русија за распоредување десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од голем распон.
Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и Соединетите Американски Држави дека се однесуваат дестабилизирачки, велејќи дека ѝ треба гарант за безбедност заради нејзина заштита.
Г7 ја чинат Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија, Канада и САД, а вклучени се и претставници на Европската унија.






