понеделник, 4 мај 2026

Г20 сака 70 отсто од светот да бидат вакцинирани до средината на 2022 година

Објавено на

часот

Сподели

„За да помогнеме во напредокот кон глобалните цели за вакцинација на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70 отсто до средината на 2022 година… ќе преземеме чекори за да помогнеме да се зголеми понудата на вакцини и основни медицински производи и количествата во земјите во развој и да ги елиминираме релевантните ограничувања во снабдувањето и финансирањето“, рекоа министрите на Г-20 во соопштението до кое дошол Ројтерс.

„Ја формираме Заедничката финансиска и здравствена работна група на Г20, чија цел е да промовира дијалог и глобална соработка за прашања поврзани со подготвеноста и одговорот за превенција од пандемија, промовирање размена на искуства и најдобри практики, развивање координативни аранжмани меѓу министерствата за финансии и здравство, промовирање на колективно дејствување, проценка и решавање на здравствените вонредни состојби со прекугранично влијание и поттик за ефикасно управување со ресурсите“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ