петок, 8 мај 2026

Франција стравува дека би можело да ѝ се случи истото што и на Казахстан

Објавено на

часот

Сподели

„Погледнете што се случува во Казахстан, ни покажува што може да ни се случи кога цените на енергијата ќе експлодираат, тоа е политички опасно“, кажа министерот за финансии Бруно ле Мер.

Цената на енергијата е чувствителна тема во Франција. Така зголемувањето на данокот на гориво во 2018 предизвика повеќемесечни улични протести кои прераснаа во општо антивладино движење.

Енергијата во 2021 поскапе низ светот, а Париз се обврза да ги заштити домаќинствата со ограничување на растот на регулираните цени на струјата на само четири отсто во февруари. Цените во меѓувреме уште повеќе пораснаа, а обидот Париз да ги замрзне со ограничување на давачките се покажа како недоволен.

„Ако во следните денови не најдеме решение за цените на струјата, на Французите на крајот на јануари струјата ќе им поскапи од 35 до 40 отсто“, порача Ле Мер.

„На коцка се илјадници работни места. Изминатите два дена работевме дење и ноќе за да најдеме решение кое ќе гарантира горна граница на растот на цената на електричната енергија од четири отсто и ќе ги заштити интензивните потрошувачи меѓу компаниите“, додаде францускиот министер за финансии.

Париз ја разгледува можноста државната електроенергетска компанија ЕДФ да ѝ понуди на конкуренцијата повеќе струја од нуклеарните централи по поповолни цени, за добавувачите да не плаќаат високи цени на струјата на големопродажните пазари кои влијаат и на цената на струјата за домаќинствата.

Ле Мер кажа дека разговарал со шефот на ЕДФ Жан Бернар Леви и со комесарката на ЕУ за пазарен натпревар Маргете Вестагер, која со други членови на Европската комисија допатува во Париз на почетокот на шестмесечното француско претседавање со ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ