четврток, 26 март 2026

Францускиот министер за надворешни работи изрази солидарност за време на посетата на Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи пристигна во Гренланд за да ја изрази „солидарноста“ на својата земја со данската автономна територија. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано зборува за можноста за преземање на контролата над островот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дводневната посета на Жан-Ноел Баро доаѓа неколку дена откако данската јавна телевизија објави дека најмалку тројца американски функционери блиски до претседателот Трамп се на Гренланд, обидувајќи се да идентификуваат луѓе што би можеле да ги користат во кампањи за влијание против Данска.

Данска го повика американскиот вршител на должноста амбасадор во среда по извештаите за операција за мешање насочена кон собирање информации за прашања што создадоа тензии меѓу Гренланд и Данска.

Француското министерство за надворешни работи соопшти дека патувањето на Баро ќе „демонстрира француска солидарност со Данска, Гренланд и народот на Гренланд што се соочува со актуелните предизвици“, се вели во соопштението.

Вчера, министерот за надворешни работи го посети францускиот воен брод БСАМ Гарон во пристаништето Нук, главниот град на Гренланд. „Овие региони секако се оддалечени, но сега се погодени од еден вид конфликт, нов вид агресија, поради што Франција, голема поморска сила, е присутна таму денес“, рече Баро.

Денес, тој ќе се сретне со гренландската колешка Вивијан Мотцфелд и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пред да одржи прес-конференција. Францускиот претседател Емануел Макрон го посети Гренланд во јуни, изразувајќи европска солидарност со неговиот народ и критикувајќи ја заканата на Трамп за анексија на арктичкиот остров.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп постојано повторуваше дека на Соединетите Држави им е потребен стратешки лоцираниот, богат со ресурси Гренланд од безбедносни причини и одби да ја исклучи употребата на сила за да го обезбеди.

И Данска и Гренланд инсистираа дека островот не е на продажба и дека ќе одлучат за својата иднина. Мнозинството од 57.000 жители на Гренланд сакаат да станат независни од Данска, според анкета спроведена од јануари, но не сакаат да станат дел од Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ