сабота, 2 мај 2026

Форбс: Трамп повеќе не е меѓу 400-те најбогати Американци

Објавено на

часот

Сподели

Се проценува дека Трамп во моментов е вреден 2,5 милијарди долари, што го става 400 милиони долари под границата за годинешната листа, јави бизнис магазинот.

Минатата година Трамп беше на 339-тото место на листата, но Форбс соопшти дека оваа година не е меѓу првите 400 бидејќи богатството му се смалило за 600 милиони долари од почетокот на пандемијата. Според Форбс, технолошките акции, криптовалутите и друг имот цветале за време на пандемијата.

„Но, недвижностите во големите градови, кои се главниот дел од богатството на Трамп, не цветаа, исфрлајќи го поранешниот американски претседател од најексклузивниот национален клуб“, пишува магазинот.

Трамп на листата се наоѓаше секоја година од 1996, почнувајќи од бројот 368. Од 1997 до 2016 година кога беше избран, се наоѓаше во горната половина на листата. Неговиот пад, меѓутоа, почна во 2016, а од тогаш Трамп продолжи да паѓа на листата, за сега да излезе од неа.

Според проценките, Трамп беше на врвот на своето богатство во 2015 година, кога Форбс го процени неговиот имот на 4,5 милијарди долари. Следната година имотот му вредеше 3,7 милијарди долари, за од 2017 до 2019 3,1 милијарда.

Трамп повеќе пати кажа дека тоа што беше претседател го чинело милијарди долари. За време на својот мандат, Трамп го предаде управувањето со својот корпоративен конгломерат на своите синови, но компаниите останаа во негова сопственост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ