Експертот на Форбс Дејвид Екс пишува дека командата на американското воздухопловство спроведува вежби на Алјаска од мај оваа година. Главната задача е да се вежбаат слетување и полетување на што е можно повеќе мали аеродроми, се посочува во материјалот.
„Тие вежби беа тест за голема војна против Русија. Военото воздухопловство очекува дека за време на војна, Русите ќе ги нападнат големите бази со балистички и крстосувачки ракети“, нагласи американскиот експерт.
Во тој поглед, тој додава дека во случај на конфликт, воздухопловните сили можат да гарантираат дека барем некои авиони ќе го преживеат бомбардирањето и ќе успеат да дадат отпор.
Авторот на текстот забележал дека воената база на островот Шемја се наоѓа на идеално место за пресретнување на руските воени авиони над водите на Берингово Море.
„Тој остров е оддалечен само 322 километри од рускиот брег. Ниеден друг американски аеродром, дури ни носач на авиони, не може да распореди авиони толку блиску до Русија“, пишува Форбс.
Според Екс, летот до островот е ризичен бидејќи аеродромот е далеку, а пилотите, како што вели, ќе треба да се борат со постојани магли и бури.






