четврток, 23 април 2026

Фон дер Лајен: Американци, укинете ја забраната за влез на граѓаните од ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двата правци“, рече Фон дер Лајен за германскиот медиум РНД, објаснувајќи дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД е сега многу слична.

„Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, во контакт сме со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одолговлекува со недели“, рече шефицата на Комисијата.

Европската унија ги стави Соединетите Држави на листата на трети земји за кои рестрикциите не се применуваат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за влез во земјата за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американски државјани или други групи како што се блиски роднини на американски држајани, дипломати и вработени во меѓународни организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ