четврток, 4 јуни 2026

Финскиот претседател предлага Европска Унија од 40 членки, вклучувајќи ја и Канада

Претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека Европската Унија треба да разгледа значително проширување и да опфати 40 држави членки, вклучувајќи ја и Канада.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на енергетска конференција во Хелсинки, Стуб како потенцијални идни членки или блиско поврзани земји покрај Канада ги наведе и Велика Британија, Турција, Норвешка и Исланд, пренесува Си-ен-би-си.

Тој оцени дека актуелните глобални околности, вклучувајќи ја војната во Украина и политиката на САД, создаваат „краток прозорец на можности“ за проширување на Европската Унија и зајакнување на нејзината стратешка моќ.

Стуб конкретно посочи дека ЕУ треба да го разгледа враќањето на Велика Британија во блокот или нејзиното приближување кон Унијата, како и зајакнувањето на односите со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Србија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Турција ја наведе како земја за која, како што рече, не се зборува доволно, но која е важна од безбедносна перспектива и треба да биде што е можно поблиску до Европската Унија.

Тој, исто така, оцени дека и Канада може да се смета за потенцијален партнер или член, со порака дека би било пожелно таа да биде поблиску до Европа отколку до Соединетите Американски Држави.

Претседателот на Финска додаде дека проширувањето е најдобрата европска политика и дека е потребно „да се размислува географски и амбициозно“, иако истакна дека сè уште е неизвесно како таквото проширување би се имплементирало во пракса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ